Зеленски: Романија е пријател кој ни помогна во најмрачниот момент

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека пристигнал во Букурешт на разговори со романскиот претседател Клаус Јоханис за безбедносната соработка во регионот на Црното Море.

Киев се бори против сеопфатната руска инвазија, која вклучува чести воздушни напади врз житната и пристанишната инфраструктура на Украина, вклучително и долж романската граница.

„Романија е пријател кој ни дојде на помош во најмрачниот момент“

„Ќе разговараме за понатамошна безбедносна соработка, развој на воздушни и други коалиции, зајакнување на украинската противвоздушна одбрана, безбедносната архитектура на Црното Море и нашите односи со партнерите“, наведе Зеленски на платформата Х.

„Романија е пријател кој ни дојде на помош во најмрачниот момент и чија поддршка со текот на времето станува се посилна. Сигурен сум дека оваа посета ќе биде од корист за двата наши народа“, додаде тој.

Слични содржини