Земјотрес регистриран во близина на островот Крит

од Radmila Tasevska

Во понеделникот вечерта регистриран е земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала во морето кај островот Крит, јужна Грција, јави АНА-МПА.

Епицентарот на земјотресот бил на 37 километри северо-североисточно од селото Неаполи во префектурата Ласити, на длабочина од 23 километри.

Во истото подрачје во понеделник наутро имаше уште еден земјотрес со иста јачина. Исто така вчера, земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала беше регистриран и кај полуостровот Пелопонез.

Нема извештаи за штети од земјотресите.

Слични содржини