Жена паднала од висина пред влезот на ГТЦ

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека женско лице утрово паднало од терасата пред влезот на Градскиот трговски центар.

„Денеска, околу 10.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека 55-годишна жена паднала од висина во ГТЦ. Лицето е пренесено на Ургентниот центар ‘Мајка Тереза“, истакнуваат од МВР.

Според информациите, жената е жива, но најверојатно со тешки телесни повреди.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Слични содржини