Жена заврши во болница после судар меѓу електричен тротинет и возило

од Nikola Popovski

Судар меѓу автомобил и електричен тротинет на крстосница во Скопје, информираат од МВР. Немилиот настан се случил во текот на вчерашниот ден.

-На 24.04.2023 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(46) од с.Батинци, скопско и електричен тротинет, управуван од Л.С.(59) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, стои во полицискиот билтен.

Слични содржини