Жерновски: Мицкоски пак ја згреши, по којзнае кој пат

од Берта Китинска

Поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, му упати порака на лидерот на опозицијата во земјава, Христијан Мицкоски по повод вчерашната посета на премиерот Зоран Заев на Елисејската палата и средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

„Ја виде фотограгијата од Елисејската палата?? Тоа е почит кон македонската држава, кон нејзините денешни остварувања.

Џабе се радуваше на тогашната одлука на Макрон. Џабе ликуваше по странските медиуми. Ти треба да лобираш ЗА, а не ПРОТИВ.

И пак ја згреши. По којзнае кој пат“, порача Жерновски.

Претседателот на Франција Емануел Макрон во својата изјава го истакна напредокот на Северна Македонија кој го нарече дека е исклучителен.

„Европската Унија донесе одлука уште во март минатата година да ги отпочне преговорите со вашата земја и сега е време таа одлука да се конкретизира и Франција активно го поддржува тоа. Северна Македонија заслужува да ги отпочне преговорите без одложување. Јас сум лично вклучен да се најде решение со Бугарија”, рече претседателот Макрон во изјава пред работната вечера.

Слични содржини