Жителите на Ново Маало: Според ДУП и ГУП на оваа локација се превидени станбени згради и тоа ќе се гради

од Берта Китинска

Откако вчера Министерството за транспорт и врски по елаборатот за евентуална суспензија на нашиот ДУП изјави дека не е утврдена никаква штета по јавниот интерес, бараме од Општина Центар како надлежна за носење на конечна одлука да го почитува нашето право на сопственост, да се повлече од идејата за суспензија на ДУП-от или каква било друга активност со која би ја спречила изградбата на проектот Гранд, велат жителите на Ново Маало.

Тие велат дека за нив не е важно и нема никакво дали општината Центар ги утнала елаборатите.

-Дали општината ги утнала елаборатите или не, за нас тоа апсолутно нема значење, основ за суспензија нема. Затоа, ние бараме од институциите повеќе да не си ја префрлуваат топката и ова прашање да се затвори, а ние да го добиеме она што ни следува и според Уставот и според Законите.Половина век се бориме да ги оствариме нашите права и сега конечно имаме инвеститор со кој ќе добиеме живеалишта достојни за 21 век. Сите оние кои ги спорат условите во кои се живее во Ново Маало, слободно можат да дојдат и да видат дали во 21 век се живее со септички јами, прокиснати кровови и кал до колена, реагираат жителите.

Граѓаните од оваа населба уште еднаш ги потсетуваат и институциите и јавноста дека правото на сопственост е уставно загарантирано право.

-Никој освен нас не може да одлучува за тоа што ние ќе правиме со нашите имоти. Ова се приватни парцели, приватен имот. И според ДУП и според ГУП на оваа локација се превидени станбени згради и деловен простор, тоа и ќе се градиА што се однесува до јавно зеленило, да и тоа ќе го има, и тоа многу повеќе од она што го има сега, односно над од 6000 м2 само на парцела 1.1. Сега има само распукан асфалт и ништо друго, а оваа локација која е во срцето на градот, за жал е едно големо ругло и срам за една метропола, велат ново маалци.

Слични содржини