Зибери: ДУИ мислеше дека Венецијанската комисија ќе има забелешки само за монетите и униформите на АРМ во Законот за јазиците

од Viktor Jovanov

Разбирлива е бурната реакција на ДУИ, во однос на извештајот на Венецијанската комисија за Законот за јазиците, доколку се земат во предвид 2 аспекти. Моментот кога доаѓа овој извештај е деликатен момент, најавени се предвремени избори, се случуваат значајни политички моменти и во ваква фаза секој политички субјект си гради позиција за што подобар резултат на овие избори. Со право ДУИ го сметаат за нокдаун овој извештај од комисија, вели поранешниот пратеник Насер Зибери.

Тој вели дека сите надежи на ДУИ биле дека комисијата ќе ги потврди нивните обиди за поддршка на Законот, но на крај не излезе како што тие планирале.

-Се очекуваше дека Комисијата ќе разговара само за банкнотите и униформата на армијата, но извештајот се однесува на поголем дел од законот, вели Зибери.

Покрај ова, во извештајот на Венецијанската комисија стои дека во дел на судството овој закон не може да се имплементира. Извештајот на Венецијанската комсија беше бурно проследен од страна на членовите на ДУИ, особено пратеникот Артан Груби и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Слични содржини