Зибери: Измените на Кривичниот законик требаше да бидат донесени со сериозна расправа и доволно аргументи

од Radmila Tasevska

Народниот правобранител Насер Зибери смета дека измените на Кривичниот законик се проблематични од аспект на процедурата, бидејќи била кратка без можност за сериозна расправа.

Правобранителот Зибери во вечерашното гостување во Канал 5 телевизија истакна дека сериозна расправа ќе дадела доволно аргументи.

-Лично мислам дека измените на Кривичниот законик се проблематични од аспект на многу кратката процедура по која се донесоа, без можности за сериозна расправа, а се менуваат одредби кои се многу сензитивни. Второ, мислам дека една сериозна расправа ќе дадеше доволно аргументи дали се тие потребните мерки кои треба државата да ги преземе и дали се тие делата кои треба да бидат на некој начин намалени казните. Реакциите како што можевте да видите не само од јавноста, туку и од специјализирани институции по овие прашања за жал не одат во прилог на мерките, изјави Зибери.

Тој воедно се осврна на претставките кои ги добивале по однос на недостаток на лекови на Онкологија.

-Имавме претставка една, но и од медиумите перманентно ова прашање беше актуелно и Народниот правобранител освен по претставки постапува и по сопствена иницијатива кога ќе има доволно информации и индикации дека се повредуваат правата на граѓаните, а посебно се сензитивни правата на граѓаните во областа на здравствената заштита и не само по овој домен, туку и за другите проблеми кои во здравствениот систем се појавија во минатиот период како недостатокот на лекот „трикафта“ и на други помагала за кои имавме голем број на преставки од страна на граѓаните, истакна народниот правобрнаител.

Тој кажа дека во извештајот за 2022 година, меѓу другото бил нотиран проблемот со брзите кредити и кражбата на лични податоци.

-Ние го нотиравме и во Годишниот извештајот за 2022 година и кажавме дека институцијата Народен правобранител нема надлежност да постапува по финансиските друштва затоа што тие се приватни субјекти, а Народниот правобранител постапува само по јавниот сектор, односно администрацијата, но го актуализиравме како проблем и баравме измени во Законот за финансиско работење, за среќа Собранието брзо реагираше и дел од измените одат во насока на надминување на некои проблеми како преголемите износи на наплатување, за администрирање на нови кредите како преголемите износи кои се принудени граѓаните да ги плаќаат доколку ако доцнат со враќање на кредите и сл., појасни Зибери.

Тој посочи дека сепак Законот не ги решил сите проблеми.

-Но, за жал Законот не ги реши другите две серозни прашања, а тоа е начинот на апликација за користење на ваквите кредити таканаречената електронска аплицкација и овој начин на апликација директно овозможи злоупотреба на податоците, односно злоупотреба на личните карти кои се користат при подигнување на брзите кредити, но тука сме надлежни и водиме две постапки каде лицата се жртви на злоупотреба на вакви податоци. Сметам дека треба да се доработи Законот и во таа насока имаше средба во Владата каде бев повикан и се разговараше како да се елиминираат овие појави, појаси Зибери.

Во однос на почитувањето на одредбите за застарување на долговите од страна на извршителите, Зибери рече дека не се почитуваат одредбите за застарување на долговите, а дел од извршителите се повикуваат на правилник од Министерството за правда, кој не може да има поголемо значење од Законот.

Тој информира дека Канцеларијата на народниот правобранител сѐ  уште најголем број претставки добива поради работата на извршителите.

Говорејќи за затворите, народниот правобранител оцени дека состојбата е катастрофална, и посочи дека иако амнестија не е решение, тоа барем во моментот ќе ја ублажи ситуацијата.

Слични содржини