Дали некогаш ви се случило да се разбудите наутро уморни со чувство дека во последните 8 часа воопшто не сте биле во кревет? А, ви се случува ли често?0ece2de585623fb27fcbb6f68c591119

Ако наместо да се разбудите свежи и одморени, ве пречека утрото со натежнати капаци, тогаш причините може да се следните:

1. Страдате од некоја загриженост

Многу луѓе кои имаат проблеми, мислат за нив токму во текот на ноќта, а тоа дефинитивно го нарушува квалитетот на сонот. Какви и нешта да ве возбудуваат, обидете се да не мислите за нив навечер пред спиење. Истражувањата покажуваат дека фокусот на проблемите навечер спречува релаксација и доведува до поголема анксиозност.

2. Живеете под стрес

Повеќето модерни вработени луѓе имаат грижи во своето секојдневие. Кога сепак стресот ќе стане хроничен, луѓето почнуваат да имаат проблеми со спиењето, бидејќи не можат да се релаксираат во текот на ноќта.

3. Играте на игри

Ако сте опседнале од некоја видео игра и секоја вечер се измачувате да дојдете до следното ниво, ова е дефинитивно причина да не спиете мирно ноќе.

4. Гледате страшни филмови или фикција

Овие два жанра во киното дефинитивно ќе ве држат будни до доцна во ноќта. Особено ако сте плашливи или чувствителни, воопшто не прикладно да гледате сличен жанр филмови кои ќе го расипат квалитетот на сонот сигурно!

5. Јадете доцна навечер

Ако сте навикнати да јадете доцна навечер, пред спиење, може кога ќе легнете да ви е тешко на желудникот и да заспиете потешко, а наутро да се чувствувате успорени.

6. Сте имале скандал / жестока расправија

По скандалот со партнерот, нормално е да не можете да заспиете побрзо, бидејќи ќе сте лути. Токму затоа, обидете се да си ги разјасните односите и да се смирите со најблиските пред да се лизга во кревет. Тензиите и негативната атмосфера во спалната соба не се рецепт за здрав сон.

7. Имате дете / бебе

Ако имате мало дете или бебе кое ве буди по неколку пати на вечер, нормално е да станувате наутро со натежнати капаци.

8. Имате грчеви

Некои луѓе добиваат грчеви на нозете (затегање на мускулите) во текот на ноќта и болката од нив ги буди, што пак го спречува длабокиот здрав сон. Консултирајте се со вашиот лекар ако нешто слично ве буди постојано. Можно е ова да се должи на дехидратација, напрегање или недостаток на магнезиум.

9. Имате апнеја

Оваа состојба е многу сериозна, бидејќи кај него човек престанува да дише неколку секунди, бидејќи дишните патишта му се блокирани. Ако се чувствувате многу уморни во последно време, прашајте го партнерот, дали имате симптоми на оваа состојба, бидејќи вие самите може и да не сте го забележале.

10. Се разболувате

Ако се будите секое утро уморни, може тоа да се првите знаци на настинка или инфекција на синусите.

Слични содржини