Ѕвездата на Баерн жали поради тетоважа: Бев млад

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот на Баерн, Лирој Сане призна дека жали за тетоважата што ја направил додека играл за Манчестер Сити.

Германскиот фудбалер го тетовираше славењето на голот во 2017 година на натпревар помеѓу Манчестер Сити и Монако во Лигата на шампионите кога англискиот клуб славеше со 5: 3. Набргу по тетоважата, која се правеше четири дена, Сити загуби со 3-1 и испадна.

Минатата сезона Сане одби да потпише нов договор со Сити и замина во Баерн, по што реши да го тргне грбот на англискиот клуб од тетоважата и го истетовира грбот на германската репрезентација на неговиот дрес.

„Бев млад, денес би донел друга одлука. Бев некој што требаше да удри во ѕид затоа што бев млад. Дури и да ме боли, научив нешто од тоа“, изјави 25-годишниот Сане.

Слични содржини