150 000$ за цртежи на Џон Ленон и Курт Кобејн

од Vladimir Zorba

Цртежи на легендата на Битлси, Џон Ленон (1940-1980) и фронтменoт на американската група Нирвана Курт Кобејн (1967-1994) беа продадени на аукција на аукциската куќа “Џулианс окшнс” во Њујорк. За 87 500 долари беше продадена скица на Ленон за корицата на албумот на Битлси “Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band” (1967).

Прелиминарната оценка за делото беше 40 – 60 илјади долари. Од аукциската куќа пред тоа уверија дека нема никакви сомневања во врска со автентичноста на цртежот. Тој е пронајден во Велика Британија, во куќата каде Ленон живеел во текот на неколку години.

Цртежот на Кобејн е создаден кога бил ученик. Тој беше купен за 64 000 долари. Сумата е неколку пати повисока од очекуваните 2 – 4 илјади долари. Курт го подарил цртежот на своето семејство. Тој е даден на аукциската куќа од таткото на музичарот Доналд Кобејн.

Меѓу највредните дела беа пијано на кое свирел кралот на рокенролот Елвис Присли (1935-1977), како и негов дијамантски прстен. Музичкиот инструмент беше продаден за 112 500 долари, и прстенот за 204 800 долари. За 112 500 долари беше купена јакна на кралот на поп Мајкл Џексон (1958-2009).

Слични содржини