МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:   2 Скопје-Петровец,  3 Битола и во  Берово, 4 Тетово, 5 Скопје-Зајчев Рид , Кр.Паланка, Охрид, Прилеп, 6 Маврово, Струмица, Гевгелија, Крушево, Куманово, 7 Претор, 8 Штип,  Тополчани, Дојран, 9 Виница, Дебар Лазарополе, 12 Д.Капија. дожд

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА: Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југозападен правец.

 ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево и топло со мала до умерена умерена облачност, кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во вечерните и ноќните чсови се очекуваат локални врнежи од дождд во западните делови на земјава.

Ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер, повремено ќе се засилува. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи од 18 до 24 степени.

Скопје: Сончево и топло со мала до умерена умерена облачност, кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста Ќе дува слаб до умерен југозападен западен ветер, повремено ќе се засилува. Највисоката температура ќе достигне до 22 степена.

ВРЕМЕТО  ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

В среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на град. Локално се очекува да наврнат околу 30 л/м2 воден талог.

Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе поминуваат во снег.

Потоа се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето.

.

Слични содржини