3 знаци дека тој размислува за разделба

од Vladimir Zorba

Љубовта сигурно не е само цвеќиња, пеперутки во стомакот и романтични вечери. Има исто така и компромиси, доверба и градење на заеднички живот. Многу е тешко да го сфатиме и прифатиме фактот дека веќе не сме доволни за човекот, кого го сакаме, и дека тој веќе не го чувствува истото за нас.

Одбивањето да ја прифатиме реалноста сепак само ги влошува работите. Најдобро е да се соочиме со реалноста и да го продолжиме живот.

Што сугерира дека партнерот размислува за разделба?

1. Веќе не се интересира за деталите околу нас

Наместо да пројавува интерес и да нè прашува што се случува во нашите животи, тој зборува со нас со чувство на досада.

Претходно тој бил заинтересиран многу повеќе за нас и за секој детаљ од нашите животи, но тоа веќе е во минатото.

2. Нè исклучува од средбите со неговите пријатели

Ние и неговите пријатели веќе сме различни планети, кои ретко се среќаваат. Иако е здраво секој од нас да има свој пријателски круг, фактот дека тој почна да излегува, без дури да се обидува да нè вклучи во ниту еден дел од животот, е болен.

Тој заборава за нас и нè исклучува намерно, затоа што веќе тоа не му пречи.

3. Измислува изговори да поминува помалку време заедно

Тој ќе го најде секое можно оправдување за да не ни се види. Без разлика дали ги користи зборовите “уморен” или “зафатен”, тешко тоа е вистинската причина. Ако сака да најде време да се видиме, тоа ќе го направи.

Слични содржини