студено

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-4 Берово, 0 Тополчани, Кр. Паланка, Ѓуриште, 1 Прилеп, Пожаране, Гевгелија, 2 Тетово, Битола, 3 Штип, Дојран, Куманово, 4 Маврово, Д. Капија, Скопје Петровец, Струмица, Скопје, Претор, 5 Охрид, Лазарополе, Крушево.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Облачно, само во источните делови на места е умерено облачно. Во Пелагонија и во Претор има магла со ограничена хоризонтална видливост од 50 м.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне почнувајќи од запад ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите подрачја. Максималната температура ќе се движи од 8 до 14 степени.

Во Скопје претежно облачно со слаба магла. Во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре ќе се задржи променливо облачно и се уште релативно топло време, петпладне со локален слаб дожд. Од понеделник под влијание на влажна и студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во централните делови од земјата. Во  вторник и среда ќе биде студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови.

Слични содржини