5 скриени симптоми за дефицит на цинк

од Vladimir Zorba

Дефицитот на цинк е тежок за откривање. Често симптомите не се толку очигледни, а и се преклопуваат со оние кај други состојби.  202d21f33fca5ec0450ae3aa7a856bf0

Цинкот е многу важен за здравјето. Тој е незаменлив во одржувањето на добрата состојба на имунолошкиот систем. Клеточната фисија е невозможна без учество на цинкот. Затоа треба да внимаваме дали внесувањето на цинк ни е доволно.

Повеќето луѓе примаат оптимални количества цинк со храната, но тоа не се однесува за вегетаријанците и постарите луѓе. Некоја храна, метаболичките и хронични заболувања исто пречат на добрата апсорбција на цинкот.

Ако имате некои од следниве симптоми, тоа може да се должи на дефицит на цинк .44260cf8495bbc4099a6e1695f52f48e

Имате хронично заболување

Многу хронични заболувања спречуваат квалитетнa обработка и прифаќање на цинкот во организмот. Такви болести се дијабетес, Алцхајмерова болест, пореметување во функцијата на мозокот, дегенеративни заболувања, хронични воспалителни болести на цревата. Сите тие се поврзуваат со дефицит на цинк.

Според научниците, имунолошкиот систем игра многу важна улога при отклучување на хронични заболувања. Недостатокот на цинк зголемува оксидативниот стрес во клетките и доведува до воспаление и компликации.

Лесно добивате инфекции

Повторно поради врската со имунолошкиот систем, цинкот игра улога и при инфективните заболувања. Во тоа влегуваат сите вирусни, грип, бактериски, инфективни заболувања.  Ако се разболувате често и премногу лесно, замислете се дали треба да земате повеќе цинк, наместо традиционалните мултивитамини против грип.9754fc6d120f865727802f86369ad5f3

Имате косопад

За цврстината на косата е потребна квалитетно делба на клетките . При недостаток на цинк делењето е отежнато. Затоа може да имате не само проблеми со косата , но и со кожата.

Губење на вкусот

Цинкот учествува и во сетилниот систем, дел од која се рецепторите за вкус во усната шуплина. Ако дефицитот на цинк е голем можете да изгубите значителен дел од својата способност да почувствувате различните вкусови.

Мирисот исто може да добие влијание од количествата цинк во телото. Затоа може да ја изгубите острината на носот.

Проблеми со слухот

Во зависност од тоа колку голем е дефицитот на цинк во организмот може да се случи дури и делумно или целосно губење на слухот. Според истражувањата, многу од пациентите кои страдаат од проблеми со слухот имале истовремено со тоа и дефицит на цинк.  Земањето на цинк кај слични проблеми може да го намали воспалението и да го намали оксидативниот стрес во клетките, особено во средното уво.

Слични содржини