Министерот за образование Абдулаќим Адеми следната недела ќе се сретне со Средношколскиот пленум, објави Телма.

Ваквото ветување доага откако учениците најавија дека од понеделник ке го продолжат бојкот на наставата. Министерот Адеми вети дека ке се сретне со пленумците веднаш по нивниот генерален протест пред Министерството, но ветувањето не го оствари.

– Јас изјавив дека сум отворен за средби и идната недела во зависност од агендата и нашите активности кои ги имаме, ќе може да одредиме време за средби со сите заинтересирани и засегнати страни. Би апелирал до сите да не ги користат учениците за политички цели и по тој повод би го повикал и Народниот правобранител да излезе со свој став за заштита на учениците од политички злоупотреби, рече министерот Адеми.

Од Средношколскиот пленум се децидни дека нема да ја променат одлуката за бојкот на наставата и не веруваат во изјавата на Адеми./извор Телма

Слични содржини