Албанските лидери Али Ахмети и Мендух Тачи се сполитиле и како истомисленици на преговорите во Брисел ја држеле страната на Никола Груевски, кој инсистира да остане премиер до крајот на годината, а дури потоа да се формира техничка влада, информира Плусинфо повикувајќи се на неофицијални информации.

ahmeti-taci-540x295

Албанските лидери настапувале  со тезата дека во Македонија ќе дојде до дестабилизација и немири до колу Груевски падне и доколку се влезе во процес на формирање на преодна влада. Овој нивен став и претходно беше најавен во изјавите на двајцата лидери пред почетокот на преговорите.

Слични содржини