Рускиот енергетски гигант „Газором“ по диполомастки канали добил дозвола за изградба на гасоводот „Турски поток“ по две траси низ територијалните води на Турција, јави ТАСС.

Кон средината на овој месец „Газпром“ соопшти дека од Турција добила „зелено светло“ за изградбата на морскиот дел од трасата на гасоводот „Турски поток“.

турски поток

Првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер тогаш изјави дека компанијата наишла на „оперативност и соработка“ од страна на турските партнери во првата етапа од реализација на проектот „Турски Поток“.

Планот за изградба на „Турски поток“ беше изработен откако под притисок на ЕУ, пропадна проектот за реализација на гасоводот „Јужен поток“. Новиот план предвидуваше трасата од овој гасовод од рускиот брег преку Црното Море да завршува во Бугарија, додека со новиот проект „Турски поток“ гасоводот треба да оди до Турција.

Меѓутоа, реализацијата на проектот „Турски поток“ беше запрена по кризата во односите меѓу Анкара и Москва, предизвикана со уривањето на руски воен авион од страна на турските сили над сириската граница лани во ноември.

Со затоплување на однсите меѓу двете земји на почетокот на летово, еден од постигнатите договори предвидуваше и возобнова на проектот „Турски поток“.

Планот предвидува гасоводот да започнува на рускиот црноморски брег и преку дното на Црното Море да излегува во северозападна Турција, а од таму да продолжи до границата со Грција, а потоа и кон балканските земји.

Должината на морската траса од гасоводот треба да изнесува околу 910 километри, додека копнениот дел низ турската територија ќе биде долг 180 километри. Гасоводот треба да има четири цевки, низ кои би минувале 15,75 милијарди кубни метри гас годишно.

Предвидено е изградбата на „Турски поток“ да чини 11,4 милијарди евра./МИА

Слични содржини