download
Во периодот од 25.12.2014 година до 15.03.2015 година во с.Октиси, струшко, во црквата „Св.Димитрија“, непознат сторител извршил тешка кражба, при што од пред олтарот одзел четири кандила. Имено сторителот насилно влегол во црквата со кршење на цилиндарот од главната влезна врата извршил пребарување, ги одзел предметите и го напуштил местото на настанот. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини