Активистите против рудници во Валандово се заканија со нови протести

од Vladimir Zorba

Речиси две недели претседателката на Советот на општина Валандово се уште нема закажано седница по собраните потписи за распишување референдум. Нема одговор ниту на барањето на шестмината советници за вонредна седница за носење одлука за референдумско изјаснување против рудници.

Активистите од „Спас за Валандово“ сакаат  изјаснување и за рудникот Казандол кој се гради  во спротивно ќе излезат повторно на улица.

Богданчани кои се изјаснија против рудници, ги известија државните органи дека општина Богданци го повлекува одоборението дадено за Казандол врз основа на резултатите. Во Дојран пак  дел од советниците кои гласаа за референдум на 23 јули сега бараат вонредна седница за измена на одлуката со цел дојранчани да се изјаснуваат и за Казандол.

Инвеститорот на Казандол – компанијата Сардич МЦ деновиве пак ја почна кампањата меѓу населените места  во Валандово на кој го презентираше целиот процес на ископ и производство на катоден бакар. Тврдат дека нема да има никакво загадување од функционирањето на Казандол кој претходно ги има добиено сите дозволи од државата.

Слични содржини