Албанец и Србин ја водат истрагата за убиството на Ивановиќ

од desk4

Главниот обвинител на Основното јавно обвинителство на Митровица, Шикири Сула изјави дека обвинителството почнало истрага за убиството на Оливер Ивановиќ, лидер на партијата „Србија, демократија, правда“, пренесува ТВ24.

Во истрагата се вклучени двајца обвинители, еден Албанец и еден Србин.

– Истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ ја води екипа од двајцата обвинители на нашето обвинитество, Нијази Реџа и Јова Радовиќ, изјавил Сула за порталот Калџо.

Тој додал дека се уште нема осомничен за убиството. Од обдукцијата било утврдено дека во телото на убиениот Ивановиќ имало шест куршуми. Телото по 18 часот е пренесено во седиштето на партијата. Ивановиќ беше застрелан утринава во Косовска Митровица. Во него било пукано додека влегувал во просториите на партијата. Ивановиќ по нападот бил итно пренесен во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Слични содржини