Мислењето кое владата го доставила до собранието во 2011 како да се толкува законот за амнестија го потпишал тогашниот вицепремиер,а сега амбасадор во САД, Васко Наумовски.НАредбата  според полседната „бомба“очигледно ја дал премиерот Никола Груевски.  Во мислењето кое го дала владата стои дека законот за амнестија донесен во 2002-та важи за сите сторители на кривични дела во конфликтот,освен за тие за кои судот во Хаг повел постапка.

амнестија

За овие четири предмети Хаг навистина не поведе постапка, но ги врати на понатамошна постапка пред македонските судови, меѓутоа, тоа во мислењето од владата не е споменато. Амнестирањето  на сторителите на случаите ,,Непроштено,, ,,Мавровски Работници,, ,,Водство на ОНА,, и ,,Липковска брана,, беше донесено со  63 гласа за, а 29 против,на 19 јули 2011,набрзо по изборите одржани во Јуни,а како што се слуша од денеска објавените снимени разговори, како дел од условите на ДУИ да прифати да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада.  Иницијативата беше на пратениците на ДУИ а за амнестијата гласаа  и ја протнаа  пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Груевски, вообичаено за сите сомнителни настани и надвор од државата  и тогаш велат бил на плажа во Грција , а  во месеците што следуваа тврдеше дека тој лично нема никаква врска со амнестирањето  и оти морал да се согласи со проценката на пратениците од неговата партија  кои сметале дека тоа е неопходен чекор за помирување во земјата.Поинаку кажано Груевски ги насамари своите пратениците, кои во разговорите кои ги објави вчера СДСМ ги нарекуваат индијанци, и се слуша дека токму тој ја дава наредбата и прави притисок на министри и пратеници да гласаат,  за ова предавничка одлука преку   „округло па на ќоше “ толкување, како им препорачува лидерот на најпатриотската  ВМРО ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ – “СДСМ а се закопаа” со лаги, додека СДСМ инсистира на тоа дека “Никола Груевски продолжи да ја лаже јавноста и да манипулира, што покажува за каква неморална личност станува збор”.

Во својата реакција СДСМ тврди дека “Законот за амнестија за хашките случаи е донесен по договорот на Груевски со Ахмети во 2011 година, по нарачка” и дека “лично Груевски наредил Владата да даде автентичното толкување со што ќе отвори пат за донесување на Законот за амнестија за хашките случаи”.

СДСМ напоменува дека Законот за амнестија за хашките случаи е изгласан во Собранието на 19 јули 2011 година.

На ова ВМРО-ДПМНЕ одговара дека “Законот за амнестија не е донесен во 2011 туку е донесен во 2002 година”.

“За тој закон гласале целиот врв на СДСМ. Гласал и Бранко Црвенковски, гласала и Радмила Шеќеринска која денеска лицемерно се смешкаше, знаејќи дека го пуштила низ вода Зоран Заев. За истиот закон гласале и Јани Макрадули, Никола Поповски и Ѓорѓи Спасов”, вели владеачката партија.

На соопштението е додаден список на пратениците од гласањето во 2002 година. На него може да се види дека гласале “за” Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска, Јани Макрадули, Никола Поповски, Ѓорѓи Спасов.

Сепак бомбата на Заев се однесуваше токму на автентичното толкување кое беше услов за колицирањето на ДУИ и  ВМРО ДПМНЕ а спакувано  од Груевски  на барање на Ахмети.

Еве го листингот кој пратеник гласаше за а кој против, односно како што посочува СДСМ – листингот на  патриотите   и патриотизмот на Груевски:

Слични содржини