Над 16,2 милиони Британци се изјаснија за излез од ЕУ, со повеќе од милион помалку кои гласале за останување во ЕУ.брит

Над 16,2 милиони Британци се изјаснија за излез од ЕУ, со повеќе од милион помалку кои гласале за останување во ЕУ. Градот Сандерленд гласа против останувањето на Британија во ЕУ, соседниот Њукасл не сака да излегува. Британската фунта падна под 1,44 долари по податоците за резултатите од Сандерленд. Така почнаа репортажите за првите официјални резултати од пребројувањето на гласовите на референдумот. Пред тоа анкетите на јавното мислење објавени по завршувањето на референдумот за британското членство во ЕУ, зборуваа за победа за приврзаниците на задржување на врската со Брисел. И берзата во Токио започна со пораст од 0,5%. Резултатите од анкетата, спроведена од Ipsos Mori за време на референдумот во четвртокот покажуваат дека 54% од Британците гласале за останување на Велика Британија во ЕУ, а против се – 46 отсто.

Пред тоа социолошката компанија YouGov ги објави резултатите од своето истражување направено за телевизијата “Скај њуз”, според која за зачувување на членството на земјата во заедницата на 28-те земји се 52% од Британците, 48% се  за прекин на односите со Брисел.

Во Обединетото Кралство пребројуваа гласови од  382 локални изборни единици во текот на целата ноќ,  се очекуваше пред утрото да стане јасно сè, но тоа се покажа премногу нејасно за предвидување. И така требаше да се чека до утрото. И Сандерленд и Њукасл се во барањето  за излез  на североисточниот дел на Англија. Пред да стане познато дека Сандерленд не сака во ЕУ, стана познато дека избирачите во соседниот град Њукасл гласале сосема со лесна  надмоќ против излегувањето на Велика Британија од ЕУ (50,7% од Британците во овој град, учествувале на референдумот во четврток, и гласале против раскинување на односите на Лондон со Брисел, а 49,3% – за “Брекзит” (излегувањето на Велика Британија од ЕУ). Њукасл беше првиот состав на Британските острови, каде што беа објавени резултатите од гласањето на референдумот во четвртокот.

Во 02:18 часот фунтата во Лондон падна до 1,4312 долари. Пребројувањето на гласовите на референдумот во Британија ја остава  ЕУ,  па потоа минути подоцна беше обратно. Тоа беше сликата во преброителната ноќ по референдумот за или против останувањето на Обединетото Кралство во ЕУ.

Шкотите се  за зачувување на силните врски со Европската унија, а очекуваните резултати од централните делови на Лондон натежнуваа исто во оваа насока. Северна Ирска исто гласаше против напуштањето на ЕУ. Во Гибралтар, кој е територија на Велика Британија, над 95% беа за ЕУ. Приврзаниците и противниците на излегувањето на Велика Британија од ЕУ одеа нерешено при пребројувањето на гласовите. Во времето до 05:30 часот евроскептиците и тие за   евроинтеграцијата се пата-пата, и ниту една од двете страни не успева да излезе категорично напред.

Во меѓувреме се наведе, како што се очекуваше, значителна разлика во изборот на Шкотланѓаните и Ирците од Обединетото Кралство, од една страна и Англичани и Велшани  од друга. Како региони – во ЕУ сакаат да останат Шкотска, Северна Ирска општини на Лондон, како и Ливерпул кој исто гласаше за останување. Против се во големи делови на Англија и делови од Велс. Утрото, малку по 6 часот, курсот  на британската фунта на пазарите (Forex) падна за 10%. Според податоците од тргувањето во 06:02 часот фунти се разменува за 1,34789 долари. Тоа е минималниот курс на фунтата во однос на доларот од 1985 година досега. Фјучерсот на британската берза се намали за 8,4% до 5828,5 поени. И дојде до моментот во кој БиБиСи и “Скај њуз” ги  објавија своите вистински прогнози.

Право на глас во овој референдум имаа 46,5 милиони Британци, а гласаа малку повеќе од 72% од нив. Тоа беше само третиот јавен референдум во кралството. Во 1975 Британците одобрија пристапување кон заедничкиот пазар. Заедничкиот пазар, создаден со Римскиот договор во 1958 година, имаше за цел да ги отстрани пречките за трговската размена меѓу земјите членки со цел подобрување на економскиот просперитет и постигнување на “уште поблиска унија помеѓу народите на Европа”. Заедничкиот пазар, во кој тогаш влезе Лондон, беше изграден преку царинската унија од 1968 година, укинувањето на квотите, слободата на движење на граѓаните и работниците и одреден степен на даночна хармонизација преку општото воведување на ДДВ во 1970 година. Тогаш слободата на трговијата со стоки и услуги и слободата на основање останаа ограничени поради антиконкурентски практики кои државните органи продолжиле да ги наметнуваат. Тоа се промени со Единствениот европски акт од 1986 година, кој ја вклучи целта – внатрешен пазар во Договорот за Европската економска заедница (ЕЕЗ), опишувајќи ја како простор без внатрешни граници, во кое слободно движење на стоки, лица, услуги и капитал е загарантирано. Понатамошниот развој на ЕУ доведе до пораст на отпорот против бирократијата во Брисел. Така се родија евроскептиците и во Велика Британија и на други места во Европа.

Никола Стрџн која е шкотски премиер, соопшти дека Шкотска може да ја  разгледа иднината како дел од Европската унија, Во случај на излегување на Британија од ЕУ, британската влада нема да може да ги претставува интересите на Северна Ирска, соопшти ирската  националистичка партија “Шин Фејн”.

Откако  станаа јасни резултатите азиските берзи паднаа. Токиската берза го преживува еден од најлошите моменти, погодена од резултатите од референдумот во Британија. Во петокот наутро по македонско време, откако стана познато дека повеќе луѓе во Велика Британија гласале за излегување на земјата од ЕУ, на берзата во Токио  почнаа падови  со над 8 проценти, а  онаа во Хонгконг регистрираше минус 5%. Цената на барел нафта сорта “Брент” падна за 5%, а цената на унца злато полета нагоре со 50 долари. Британската фунта се сруши до нивоа невидени од 80-тите години на XX век. Сагата изгледа  почнува сега!

Слични содржини