Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето денеска треба да ја продолжи седницата на чиј дневен ред е сослушување на сведоците што ги предложија партиите. Кој ли ќе дојде сепак за да почне работата, а  потоа секако дека ќе се одлага и како и секоја анкетна комисија до сега ќе се гледа да не заврши.Така вели досегашното парламентарно искуство.

124572

Според јавно изнесениот распоред на претседателот на Комисијата Петре Шилегов, денеска пред членовите треба да се појават министерот за финансии Зоран Ставрески и советникот на премиерот Мартин Протуѓер. Но, Ставрески вчера информирал дека не може да се појави на сведочењето денеска.

Вчера, не се појави ниту премиерот Никола Груевски, кој според редоследот требаше да биде прв сведок. Десетина минути пред почетокот на седницата, од ВМРО- ДПМНЕ со соопштение информиаа дека Груевски нема да се појави на седницата, а дури поппладне, од владината прес служба информираа дека тој е во официјална посета на Израел.

 Недоаѓањето на премиерот Груевски на сослушување пред анкетната комисија за скандалот со прислушувањето предизвика кавга меѓу членовите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тој иако заминал на службено патување во Израел, до анкетната комисија не доставил никакво известување дека не е во можност да присуствува што, според пратениците на опозицијата беше оценето како несериозно однесување и непочитување на комисијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека не станува збор за несериозност или бегање од сослушување, туку поради негова зафатеност не можел да дојде сега, туку во понеделник на 14 декември.

Ново продолжение на серијалот Анкетна …next, e закажано, очекуваме почеток .

Слични содржини