Антолог го најави објавувањето на „Под Добра Вода“ од писателот Саво Костадиновски

од Vladimir Zorba

Издавачката куќа „Антолог“ го најави о

  • бјавувањето на патописно-монографската збирка Под Добра Вода од македонскиот писател Саво Костадиновски, во која како рецензент и автор на патописниот дел се јавува Александар Кујунџиски. Иако посветена пред сè на селото Горно Ботуше, родното село на писателот Саво Костадиновски, во оваа книга се отсликани и многу други места, настани и луѓе од поречкиот регион.

    images-24

    Појавата на книгата Под Добра Вода од Саво Костадиновски, објавена во едицијата „Громови“ на „Антолог“, е значајна не само за областа Порече под планината Добра Вода туку и за сите други краеви од Република Македонија, за сите оние со корени и спомени од под околината на планината со најпоетично име на светот. Ова издание, кое донесува една мозаична концепција (со патописно-монографски и поетски целинки), закитено со впечатливи стари и новоснимени фотозаписи, дарува и пораки преполни љубов и сончевина.

    Оваа недела ќе се одржат и две промоции на книги од „Антолог“.

    В четврток, 1 декември, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, со почеток во 12 часот, ќе биде промовирана поетската збирка Зборот е светлина од Ленче Милошевска. Промоторка на збирката ќе биде поетесата Виолета Танчева-Златева, а актерска придружба младиот Теоман Максут.

    Ленче Милошевска е современа македонска поетеса, авторка на четири книги поезија и на четири романи, а оваа нејзина збирка, чиј наслов ја симболизира творечката синергија што произлегува од логосот и светлината, е производ на искуство, поетска зрелост и успешна постапка во одбирот на поетските дилеми, предизвици и тишини.
    Истиот ден, во Библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип, исто така во 12 часот, ќе биде промовирана книгата Ова е моето последно молчење, со поднаслов Панорама на актуелни современи македонски поетеси. Книгата ќе ја претстават приредувачките Елена Пренџова и Оливера Доцевска и рецензентката Весна Мојсова-Чепишевска.

  • Слични содржини