Апелација ја објави целата одлука – Сеад Кочан да се лиши од слобода

од desk2

Апелациониот суд на судскиот портал ја објави целосната одлука по жалбата на одбраната на Сеат Кочан за укинување на мерката притвор. Според одлуката на Апелација, одлуката на Кривичниот совет се преиначува и мерката притвор останува. Воедно во одлуката Апелациониот суд му им наложува на овластените службени лица од МВР, Единица за извиди и потраги, Одделение за потраги, по пронаоѓање и лишување од слобода на осомничениот Сеад Кочан, да го спроведат на издржување на мерката притвор во затворот во Шутка, а за истото веднаш да биде известен Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Инаку, вработените во компаниите чиј сопственик е бизнисменот Сеат Кочан, меѓу кои и новинари од ТВ Нова и денеска излегоа на протест пред Апелациониот суд. Како што велат, тие денеска протестираа со цел да го искажат своето незадоволство од одлука на судот мерката притвор да остане да важи.

По Сеад Кочан распишана е меѓународна потерница, но тој се уште не и е достапен на полицијата. Бизнисменот во случајот кој го отвори СЈО е осомничен дека фалсификувал документи за да добие тендер во РЕК Битола во вредност од 17 милиони евра.

Пред неколку дена неговиот адвокат Никола Додевски изјави дека Кочан не избегал од државата, туку заминал на службен пат во странство./извор ТВ21

Слични содржини