Апелација почна да ги објавува одлуките – Ивона Талевска останува без пасош

од Vladimir Zorba

Жалбата за мерката на претпазливост која и беше одредена на уредничката на телевизија Сител, Ивона Талевска, е одбиена и таа останува без патна исправа, стои во одлуката на Апелацискиот суд Скопје која вчера беше објавена на веб-страницата на судот.

Ивона Талевска е обвинета за даночно затајување во случајот на СЈО наречен „Тифани“. Нејзиниот пасош е одземен и таа треба еднаш месечно да се јавува во суд.  Таа се пожали на мерките за претпазливост што и ги определи Основен суд Скопје 1 на барање на Специјалното јавно обвинителство, но Апелација не и ја прифати жалбата.

Во нејзината жалба беше образложено дека и е потребен пасошот за службени патувања, но судот смета дека таа може да избега ако и биде вратен.

Скопска Апелација ја одби и жалбата на Јован Боцевски и за него е потврдена првостепената одлука секој работен петок во месецот да се јавува во Основен суд Скопје, но дополнително е изречена забрана да одржува контакти со лицето Д.Т..

Идентично како за Боцевски е решено и по жалбите на Петар Милошевски, Новица Станковски, Метуш Шабани и на Филип Атанасов.

Слични содржини