Апелациониот суд во понеделник ќе одлучува за притворот на пратеничката Пешевска

од desk4

В понеделник Апелациониот суд на јавна седница ќе ја разгледува жалбата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска која се жали на одлуката на Кривичниот суд да и биде продолжен куќниот притвор. Апелација се уште нема одлучено и по жалбите на пратеникот Љупчо Димовски кому исто така му беше продолжен куќниот притвор и на режисерот Борис Дамовски кој повеќе од месец и половина е во притвор во Шутка.

До сега Апелација ги потврди одлуките на Кривичниот суд за сите осомничени за настаните од крвавиот четврток во Собранието. Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ и денеска реагира дека е срамна, правно неоснована и политичка одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите на Дурловски, Јовановски, Илиевски, Чавков, Мукоски и останатите, според партијата неправедно обвинети патриоти. Правосудните органи треба да знаат дека мерката притвор е мерка за обезбедување на присуство, а не мерка која треба да се користи за изживување врз политичките неистомисленици, велат од партијата.

Слични содржини