Во средата, Apple го објави iPad Pro, најголемиот, најмоќниот iPad кој има опција да се прикачи тастатура и новиот “pencil” стилис-перо.

ballmer-surface

Ви звучи познато?

Тоа е Apple верзијата на Microsoft Surface. Apple дури и го користи истото име, “Pro” за да го опише.

И со овој нов производ, Apple призна дека Microsoft е во право. Она што луѓето навистина сакаат, особено канцелариски работници, е хибриден компјутер – таблет екран на допир со моќта на компјутер … и тастатура. Она што луѓето навистина го сакаат е визија на Microsoft .

Ако се сеќавате, таков сè во едно PC некогаш беше наречен “Тостер-фрижидер”, од страна на некои во индустријата.

tim-cook-testify-635

Тоа беше во изјавата на извршниот директор на Apple, Тим Кук назад во 2012 година, кога еден аналитичар од Вол Стрит го праша дали некогаш ќе се направи Apple хибрид.

Тој славно одговори: “Може да се споите тостер и фрижидер, но тоа веројатно нема да биде пријатен за никого.”

Очигледно Кук не беше во право.

Слични содржини