Асоцијација на архитекти на Македонија , како подносител на барањето за референдум за задржување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар – Скопје, се обрати со соопштениое во кое го изразува задоволство за прифаќање на оваа иницијатива од страна на општина Центар.

GTC-barok-4x3

ААМ како единствено професионално здружение на архитектите во РМ има должност и обврска да работи во интерес на негување и развивање на архитектурата и урбанизмот во согласност со архитектонската наука и етика и зачувување на Македонското градителско наследство, во кое несомнено спаѓа и ГТЦ како еден од најмаркантните објекти од нашата понова градителска историја. Во таа насока ААМ во изминативе неколку години има преземено голем број активности во форма на апели до сите надлежни институции, како и активности за мобилизација на стручната и пошироката јавност во форма на дебати, собирање потписи за поддршка и јавни протестни собири. Од таму, прифаќањето на нашата иницијативата за овој прв референдум во општина Центар е значаен исчекор во правец на нашите заложби.
Поради сето ова, во оваа најделикатна состојба за архитектурата во РМ, сметаме дека ова е историски важен момент за македонската демократија и јавно повикуваме на поддршка од сите граѓани и организации кои ги делат демократските вредности. Истовремено, испраќаме апел до советниците на општина Центар да ја поддржат иницијативата за референдум со што директно би им овозможиле на граѓаните да го реализираат своето уставно загарантирано право, се вели во соопштението на ААМ.

Слични содржини