Атина се правдa за македонските пасоши?

од Vladimir Zorba

Грција прецизира дека нема промена во однос на македонските пасоши. Од грчкото Министерство за надворешни работи објаснуваат  дека нема промена во грчката политика спрема Република Македонија и македонските пасоши. И во иднина ќе се задржува досегашната практика да се ставаат печати на одделен образец надвор  од пасошот , додека не се реши спорот за името.

5051421

 

Повод за ова објаснување е информациите на грчкиот портал “Њу пост”, во која се тврди дека Министерството за внатрешни работи во Атина одлучило да ги признае македонските пасоши. Порталот дури покажа факсимил од документ со датум 22 август, во кој се вели дека пограничните власти на земјата можат да ставаат печати во пасошите на Република Македонија.

Веста на порталот доаѓа од погрешно толкување на документ од министерството за внатрешни работи, кој се однесува на пасоши од трети земји, а не на Македонија. Документот што го објави порталот е од 22 август од грчкото министерство за внатрешни работи и цивилна заштита, до грчката служба за проверка на пасоши, и во него се истакнува дека грчките гранични служби може без проблем да ставаат грчки печат на влез и на излез во странските пасоши, односно пасоши од држави од трети земји во кои има печат и од македонските гранични служби.

Документот, во суштина, е повлекување на претходна одлука и посочува дека службите во случаи кога странски државјани од трети земји поминуваат грчка граница, не мора повеќе да ја следат претходната наредба и може да стават печат директно во пасошот иако во него има и печат од македонските гранични служби.

„Ве молиме во иднина да не ја земате предвид и да не ја применувате нашата наредба за влез и за излез на граѓани од трети земји сопственици на пасоши со печат од ФИРОМ , кој е ставен на страниците во пасошот,“ се вели во дописот од грчкото министерството насловен „Издавање визи на сопственици на пасоши од трети земји во кои има печат од ФИРОМ 14218114_145096172606929_137697960_n

 

Поотсетуваме  дека досега македонските граѓани добиваа печатење на одделен образец- лист кој се подига на границата. “Така беше досега, бидејќи  грција не го признзава името , а тоа го пишува на пасошот и за нив Македонија  е ФИРОМ или како знаат да кажат Скопје. Тие исто така и оваа лето на автомобилите со регостарска ознака МК лепеа налепници за да го покажат несогласувањето.

Прашањето за името е деликатна тема за грчките власти. Полицијата веќе е информирана за промени “, пишува порталот и прецизира дека” станува збор за промена на позициите на грчката влада во однос на прашањето со Скопје “. Во меѓувреме пратеникот од опозициската “Нова демократија” Теодор Караоглу остро го нападна Министерството за надворешни работи по повод  оваа информација. Според него на тој начин грчкото МНР и Владата на СИРИЗА-Независни Грци “врши опасна девалвација на историскиот ревизионизам, кој ги поминува границите на трпението … и де факто ја  признава Република Македонија”.

Република Македонија прогласи независност на 8 септември 1991 година .Поради грчката блокада , токму поради името, Македонија повеќе од една деценија чека влез во НАТО и почеток на преговорите за пристапување кон ЕУ.

Слични содржини