Тамара Тодевска ги покори естрадните бранови ова лето. Едноставно јавноста и публиката дише за новостите околу нејзиниот приватен живот, но и работа.11737838_10153388599376113_3235736895273489510_n

Тамара неодамна се венчаше за својот избраник организирајќи ја свадбата на годината, објави кусо потоа нов видео-спот, а завчера го промовираше нејзиниот втор албум „Еден ден“.

По  промоцијата, поп-пејачката вчера на музичкиот канал Јутјуб објави три нови сингла кои се најдоа на ова албумско издание.

Станува збор за нумерите „Трофеј“, „Врвот е дно“ и „Промена“.

За песната „Трофеј“, која ја сними заедно со раперот Тони Зен, музиката и аранжманот ги направи композиторот Лазар Цветковски, а текстот го напиша неговата сестра Магдалена Цветковска.

Синглот „Промена“ автоски го потпишуваат Роберт Билбилов, Тони Зен и Тамара, а третиот сингл „Врвот е дно“ пак е авторско дело на Роберт Билбилов и Тамара, додека текстот го напиша Игор Џамбазов.

Слични содржини