Австриската Партија на слободата: Меркел е најопасната жена во Европ

од Vladimir Zorba

Канцеларот на СРГ Ангела Меркел го даде почетниот удар за миграциската криза во Европа, изјави претседателот на ултрадесничарската Партија на слободата во Австрија Хајнц-Кристијан Штрахе, цитиран од агенција АПА.

merrСпоред десниот политичар, Меркел е “најопасната жена во Европа”, бидејќи  го дала почетокот на најголемиот векови преселба на народи. Штрахе истакна дека сегашниот миграциски процес е вистинска опасност за Европа. “Со овие миграциски текови кај нас доаѓаат луѓе кои не сакаат да се интегрираат или да бидат асимилирани”, вели австрискиот лидер. Тој предупредува дека “постојаниот проток на мигранти од други култури се впива во нашата општествен систем и  јавно го поткопува “.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција во 2014 година во ЕУ пристигнаа 900 илјади луѓе, во 2015-та – 1 048 милиони. Од почетокот на оваа година Европа прифатила 314 811 мигранти и бегалци. / ТАСС

Слични содржини