Бејл вреди најмалку 222 милиони евра, вели неговиот агент

од Vladimir Zorba

Личниот агент на Герет Бејл, Џонатан Барнет, го стави цена на неговиот клиент.

„Бејл вреди најмалку 222 милиони евра како што беше за Нејмар. Сепак, Гарет е многу среќен во Мадрид. Му се допаѓа Мадрид“, рече импресариото, цитиран од „АС“.

„Гарет нема потреба Кристијано да го напушти тимот, за тој да биде ѕвезда. Тој и сега е таков“, рече Барнет.

Агентот откри дека Бејл бил близу до трансфер во Италија пред неколку години, но Тотенхем ја одбил понудата.

Слични содржини