Додека стотици илјади сириски бегалци се наоѓаат во кампови или ги ризикуваат своите животи за да стигнат до Европа, се повеќе луѓе се прашуваат зошто богатите држави од Заливот  не сакаат да прифатат  или земаат многу   помалку од бегалците.

До крајот на август, повеќе од четири милиони Сиријци ја напуштиле земја, но многу малку од нив биле официјално прифатени од шесте земји членки на Советот за соработка во Персискиот залив, пренесува AFP.
Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати донираат милијарди долари за помош на бегалците , но се соочуваат со се поизразеното незадоволство поради очигледноата им неподготвеност да прифатат мигранти.
Зошто,  се прашуваат некои, при една од најголемите миграциски кризи во модерните времиња, сите соседни на Сирија арапски држави кои имаат блиска култура и верски вредности и се толку блиски,  го прават тоа толку малку, за да помогнат во сместувањето на сиромашни луѓе?
Слични критични гласови се слушаат не само на Запад, но и во самиот регион !

Слични содржини