„Бомбата“ на судењето на Заев не беше преслушана, оти лаптопот бил зафатен

од Vladimir Zorba

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска седна на обвинителна клупа во Кумановскиот суд по приватна тужба на генералниот секретар на ГРОМ и поранешен висок функционер на СДСМ, Виктор Цветковски, за објавување на прислушуваните разговори во бомбите. Покрај Заев за неовластено снимање и објавување на снимените материјали обвинети се и СДСМ како правно лице и претседателот на кумановскиот огранок на СДСМ Мартин Костовски, објави СДК.

zoran-zaev-kumanovo-sud[1]

Пред судот Заев и Костовски се изјаснија дека не се виновни за делото за кое се товарат.

На рочиштето, иако беше предвидено, не беше преслушана содржината на објавеното цеде со „бомбата“ како доказен материјал, поради технички проблеми, бидејќи зафатен беше лаптопот за друго судење.

Цветкоски ги тужи високите функционери на СДСМ заради објавување на разговорите меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска каде се договараат за обезбедување гласови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата круга на локалните избори во 2013 година во Куманово.

Тој претходно поднесе тужба до Специјалното јавно овинителство, но му била отфрлена.

Слични содржини