Бред Пит ќе се бори за децата

од Vladimir Zorba

Холивудскиот актер Бред Пит поднесе тужба за заедничко старателство над нивните деца со Анџелина Џоли, со која е во процес на развод, пренесоа светските агенции.f68b1c9b01e5a4e58fca07710c337a96

Од документите поднесени во судот од адвокатите на Пит како одговор на барањето на Џоли за раскинување на бракот им станува јасно дека актерот не е задоволен од претензиите за самостојно старателство над децата и сака еднакви права во одгледувањето.

Анџелина Џоли и Бред Пит беа заедно 12 години. Актерката поднесе барање за раскинување на нивниот две годишен брак на 20 септември.

Во тужбата за развод холивудската ѕвезда инсистираше на целосно старателство над трите биолошки и трите посвоени деца на поранешната двојка на возраст меѓу 8 и 15 години.

Слични содржини