Брисел го одобри планот на Атина за намалување на лошите кредити до 30 милијарди евра

од desk2

Европската комисија денес го одобри планот на Грција за намалување на лошите кредити до 30 милијарди евра во банките на земјата, бидејќи со тоа нема да бидат прекршени регулативите за државна помош.

Целта “Планот за заштита на средствата на Heracles” е намалување на износот на лошите кредити кои претставуваат товар за грчките банки без да се наруши работењето на пазарот со државните субвенции.

„Европската комисија утврди дека во плановите на Атина насочени кон поддршка по повод лошите кредити на грчките банки нема никаква државна помош“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Банките во Грција работат на намалување на 80 милијарди евра лоши кредити, што е заостанување од финансиската криза која предизвика намалување на економијата за една четвртина.

Елиминирањето на лошите кредити е од клучно значење за можноста за доделување нови кредити и за закрепнување на профитабилноста.

Планот е сличен на италијанскиот модел GAKS и е дизајниран со цел да им помогне на кредиторите да се ослободат од лошите долгови со нивно претварање во обезбедени средства.

Во склоп на “Heracles” ќе биде воспоставен механизам за купување лоши кредити од банки. Продажбата ќе се финансира со записи кој ќе ги извршува механизам со гаранција на Владата за постари транши.

„Ризикот по државата ќе биде ограничен бидејќи државните гаранции се применуваат за постарите транши на записи продадени преку механизмот. Државната гаранција за постарите транши ќе се активира само ако повеќе од половина од негарантираните и ризични транши успешно им се продадат на купувачите на приватниот пазар“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Слични содржини