Со победата на Енди Мареј над Рубен Бемелманс, Велика Британија го изедначи резултат на 1:1 во финалето на Дејвис купот против Белгија кое се игра во Гент.тенис

Мареј вчеравечер доминираше и мечот го реши во три сета, 6:3; 6:2 и 7:5.
Претходно во првиот сингл дуел Давид Гофан го совлада Кајл Едмунд и обезбеди водство за домаќинот.

Денеска е мечот во двојки. За Белгија пријавени се Кимер Копејанс и Стив Дарсис, а британската тениска репрезентација ќе настапи во состав Енди и Џејми Мареј.

Слични содржини