Бројот на Британци кои побарале француско државјанство зголемен за 254 отсто

од Vladimir Zorba

Директен ефект на Брекзит е зголемување за 254 отсто на британските државјани кои побарале француско државјанство во 2016 година.

Според бројките добиени од париски Ле Монд, 1363 Британци минатата година побарале францски пасош, наспроти 385 во 2015 година.

Таа тенденција се уште е маргинална со оглед на проценката дека во Франција живеат меѓу 150.000 и 400.000 Британци, но тие бројки покажуваат дека многумина од нив веќе изразиле загриженост за најавеното излегување на Обединетото кралство од ЕУ.

За споредба, бројката од 254 отсто е помала во споредба со таа објавена во Германија, каде барњата на Британците да добијат германско државјанство се зголеми за 331 отсто од 2015 до 2016 година.

Истовремено и барањата на европските државјани за британски пасош се зголемил за една третина во истиот период, за да достигне 13.070 барања. Од нив 2.369 барања биле од Французи, бројка која се намали за 28 отсто во споредба со  2015 година.

Слични содржини