01-Kozloduj
Бугарија се откажа од договорот потпишан со американската компанија Вестингхаус електрик за изградба на нов реактор во својата единствена нуклеарна централа. – Не можеме да ратификуваме договор кој е вреден 4 милијарди долари (3,8 милијарди евра) – рече Борисов во парламентот и додаде дека државата не е во состојба трошоците да ги преземе на себе. Според овој договор, кој го потпиша претходната социјалистичка влада, беше предвидено изградба на АП-1000 реактор, со сила од 1.100 мегавати, во бугарската нуклеарна електрана Козлодуј, кој е 200 км оддалечена од бугарскиот главен град Софија.

Слични содржини