Бугарски медиуми за Договорот за добрососедство: Бојко Борисов со голема делегација е во Скопје

од desk3

Дипломатскиот чекор беше договорен  неодамна од премиерот Бојко Борисов и македонскиот претседател Зоран Заев по години на тешки преговори. Нашиот премиер и голема бугарска делегација се во дводневна посета на Македонија.

Потпишувањето на документот е основа за трајно и одржливо градење на пријателски и добрососедски односи и ќе придонесе за зајакнување на соработката во билатерален и мултилатерален план за проширување на транспортните врски и комуникации, за олеснување на контактите меѓу граѓаните на двете земји, забележуваат од администрацијата на бугарскиот премиер.

Договорот треба да биде ратификуван и од македонскиот парламент, иако  најголемата опозициска ВМРО-ДПМНЕ е со став дека не го поддржува.

Центарот на Скопје е блокиран од полиција поради денешното официјално добредојде на бугарскиот премиер, по што ќе се следи потпишувањето на договорот. Утре Борисов и Заев заедно ќе ја одбележат годишнината од Илинденското востание, кое до овој момент Скопје не го признаваше за бугарски празник.

“Јас лично се надевам со потпишувањето на овој Договор за добрососедство барем да се смени јавниот тон на зборување. Кога политичарите зборуваат поинаку и луѓето слушаат различно”, коментира новинарот и презентер на bTV Вестите Иван Георгиев, кој е автор на серијата  “Лекции од Македонија”

Ова е договорот што на 1 Август треба да го потпишат Македонија и Бугарија

Според Никола Попилиев од Бугарскиот културен клуб во Скопје, повеќето Македонци сепак го поддржуваат договорот. Според него за тоа е показател дека опозицијата го  собрала на протест само “третиот ешалон”, и не може да заведе големи народни маси. Според него и важни меѓународни фактори  интервениралеи дале да до знаење дека нема да дозволат неуспех на договорот.

Слични содржини