Бускетс ќе паузира еден месец

од Vladimir Zorba

Играчот на Барселона Серхио Бускетс надвор од фудбалските терени ќе биде еден месец, изјави тренерот на „каталонците“ Луис Енрике. Ова е добра информација за навивачите на клубот и за самиот Енрике особено што се стравуваше дека Бускетс ќе мора да паузира подолг период.

Играчот од средината на теренот на Барселона, Бускетс беше заменет во 10.минута од синоќешниот дуел со Еибар откако над него стартуваше играчот на Еибар Гонзало Ескаланте.

Барселона го доби синоќешниот натпревар со Еибар со резултат 4:0 на гостински терен и се наоѓа на третото место на табелата со 41 бод, зад лидерот Реал Мадрид со 43 и Севиља со 42.

Слични содржини