Чуркин: Русија ќе стави вето на резолуцијата за испраќање набљудувачи во Алепо

од Vladimir Zorba

 

Русија нема да дозволи да биде усвоена во Советот за безбедност на ОН француската резолуција за испраќање набљудувачи во источниот дел на Алепо, кои ќе ја следат евакуацијата на цивилното население, изјави рускиот претставник во светската организација Виталиј Чуркин.

– Предлогот на Франција за испраќање набљудувачи во источниот дел на Алепо е непотребно и опасно, а усвојувањето на резолуцијата ќе доведе до трагедија, истакна Чуркин.

Предлог-резолуцијата предвидува „безбедна евакуација на луѓето под надзор и контрола на меѓународни набљудувачи, како и пристап на хуманитарните организации до источниот дел на Алепо без условување, како и гарантирање на безбедноста на болниците“.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе се состане да гласа за предлог-резолуцијата во 11 часот по њујоршко време (19 часот по македонско време).

Слични содржини