Сите фудбалски средби во Европа, во рамките најмалку на следните два дена, ќе започнат со едноминутно молчење.

460x260

Европската фудбалска асоцијација УЕФА изрази сочувство по серијата терористички напади кои се случија во Париз минатата ноќ.

Сите натпревари под покровителство на УЕФА во следните неколку дена ќе започнат со едноминутно молчење во спомен на жртвите во Париз.

Освен тоа сите фудбалери ќе носат црни ленти на ракавите, соопшти новинарот на Би-Би-Си Ричард Конвеј.

Слични содржини