Дачиќ го демантира “Танјуг” за протерување на српскиот дипломат

од Vladimir Zorba

“Танјуг” лиферуваше  вонредна вест дека Македонија побарала отповикувањето на српскиот дипломат.

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ ја демантира државната новинска агенција “Танјуг”, која соопшти дека властите во Скопје побарале отповикувањето на нивен дипломат. Тоа е “апсолутна невистина”, рече тој.

Потсетуваме дека денес “Танјуг” објави   вонредна вест дека “македонските власти официјално побарале отповикувањето на српскиот дипломат Горан Живаљевич”. Живаљевич работи како советник на амбасадорот, но е офицер од БИА ,Агенција за безбедност и информации, српските тајни служби.

За време на нередите во македонскиот парламент на 27-ми април Живаљевич влегува во парламентот со првата група демонстранти. При насилниот упад на демонстрантите во парламентот на 27-ми април беа повредени над 100 лица – пратеници, функционери на администрацијата, полицајци, новинари и граѓани, лидерот на СДСМ Зоран Заев доби тешки повреди по главата,, додека  врз лидерот на Алијансата за Албанците  беше извршен обид за убство и тој во бесознание бече изнесен од парламентот.

Денес во македонското Министерство за надворешни работи беше повикан српскиот амбасадор во Скопје Душанка Дивјак Томиќ. Средбата беше побарана поради скандалозното однесување на српскиот агент. Поранешниот српски дипломат Радомир Диклич изрази зачуденоста од фактот дека Живаљевич “влегол во парламентот со првата група демонстранти на 27-ми април”. “Живаљевич добива заповедите директно од БИА.” Тој не добива заповедите од амбасадорот или од Министерството за надворешни работи. Тој добива налози директно од својатаразузнавачка  централа за која работи – БИА “, рече дипломатот. Според него само” Горан Живаљевич и неговите претпоставени знаат што била наредбата “.

Слични содржини