Данев: Последиците од реализирање на Тиранската Платформа ќе бидат несогледливи

од desk2

Мнозинството Македонци гласаше за програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ и нивниот глас не смее да биде изманипулиран само за да се спаси Заев од одговорност, рече денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев е свесен за последиците и затоа прифаќа секакви уцени, вклучувајќи и формирање Влада по нотите од Тирана. Зоран Заев затоа замижува и го одобрува однесувањето на Зијадин Села кој бара менување на знамето и химната, го негира постоењето на македонскиот народ и најавува бркање од работа на Македонците. Последиците по однос на државата од реализирање на Тиранската Платформа ќе бидат несогледливи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ е спремно да поддржи малцинска Влада на СДСМ и да гласа се од програмата на СДСМ, само СДСМ да се откаже од Тиранската Платформа – вели Данев.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Заев да излезе со платформата како своја изборна програма на избори пред граѓаните, за народот да му каже што мисли.

Слични содржини