Давеник спасен во Пештани – лекарите се борат за неговиот живот

од Vladimir Zorba

Едно лице кое се давело во водите на Охридско Езеро на плажата во селото Пештани, извлечено е од вода и со Брза помош пренесено во ЈЗУ Општа Болница Охрид каде лекарите се борат за неговиот живот.

Неофицијално се работи за машко лице кај кое е констатирано дека белите дробови се наполнале со вода, но со интервенција на лекарите е реанимирано и пренесено на натамошен третман во болница.

Слични содржини