Демант на АДИССДП за изјавата на Рашковски

од Vladimir Zorba

Од Кабинетот на Генералниот директор на АД „За изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката„, демант на прес конференцијата на генералниот секретар на Владата.

Во демантот се вели: „Ја осудуваме несреќно дадената изјава на Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, укажувајќи дека изнесените факти во врска со подготовките за  одржувањето на Суперкупот 2017 на Арената „Филип Втори“ се тотално неточни и невистинити. Драги Рашковски да престане да се однесува како опозиционер, да седне и да почне конечно да работи за добро на граѓаните. Господине Рашковски, од Вас е побарано само да ставите точка на дневен ред на Седница на Влада, со што само ќе се донесе ОДЛУКА со која средствата со кои располага Акционерското друштво, а се наоѓаат на ненаменските сметки, ќе бидат искористени за подготовки за Суперкупот и со тоа сте ја завршиле Вашата работа. Не губете време во разговори со фирми и држење на прес конференции со кои несвесно или свесно нанесувате неповратна штета на угледот на Акционерското друштво и на Република Македонија“, се вели во демантот кој го упатија од кабинетот на генералниот директор Цветко Грозданов.

Слични содржини