Македонските власти денеска на официјален претставник на владата на Косово ќе му ги предадат телата на деветте убиени косовски државјани, кои беа дел од терористичката група која пред десетина дена водеше 26 часовна војна со припадниците на МВР во Куманово.

апсење

Меѓу убиените се и двајцата водачи на групата, Мирсада Ндрeцaj и Бега Ризај. Се очекува во попладневните часови телата на убиените да им бидат предадени на семејствата

.Косовските медиуми денеска објавуваат дека македонските власти по завршената обдукција одобриле да бидат преземни телата на деветмина убиени припадници на „Кумановската група“: Џафер Земерај, Бега Ризај, Мирсад Ндрецај, Валон Кабаши, Тугај Гаши, Самид Кастриот, Хисен Рушити, Фатлум Вишесел и Арбен Раџај

Во очекување на резултатите од обдукцијата, МВР се измеша и во бројките на убиените. Иако премиерот соопшти  дека биле убени 14 терористи, според извори од истрагата биле убиени 10 терористи. Нејасно е зошто премиерот во изјавата  си додал плус 4  лица, информација , која отвора низа дезинформации  и шпекулации во јавноста  на тема кои се 4 та кои недостасуваат или кој излажал !?

Слични содржини